fbpx

Антикорупциска: ДУИ го прекршила Законот за финансирање на политичките партии

ДУИ во 2022 година примила донации кои биле поголеми од законски дозволените суми, а вишокот средства не ги вратила веднаш или во рок од 15 дена по приемот, туку во јули 2023 година

-

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница утврди дека ДУИ го прекршила Законот за финансирање на политичките партии бидејќи во 2022 година примила донации кои биле поголеми од законски дозволените суми, а вишокот средства не ги вратила веднаш или во рок од 15 дена по приемот, туку дури во јули 2023 година.

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Шемши Салаи рече дека утврдиле прекршување на членот 16 од Законот за финансирање на политичките партии.

Притоа, ДКСК донесе одлука предметот во врска со донациите кон ДУИ да биде проследен до Министерството за правда и до Државниот завод за ревизија како надлежни институции.

Доколку ревизорите утврдат неправилности, тогаш тие ќе поднесат барање за покренување прекршочна постапка или пријава до надлежното Јавно обвинителство.

Инаку, антикорупционерите го покренаа овој предмет откако во јавноста се објавија донациите за ДУИ од „Еуровиа“, фирма која беше избрана од Министерството за надворешни работи за да го адаптира спортскиот центар „Борис Трајковски“ за претстојната конференцијата на ОБСЕ што треба да се одржи кон крајот на годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел оди во финалето на Евровизија и покрај протестите со поддршка за Газа во Малме

Израелскaта пејачка Еден Голан се квалификуваше за финалето на Евровизија после јавното гласање. Нејзината победа следуваше неколку часа откако илјадници пропалестински демонстранти се собраа на улиците на Малме, Шведска, каде...