fbpx

Запрена офанзивата на Тикрит

-

Министерот за внатрешни работи на Ирак, Мухамед Салем ал-Габан, изјави дека офанзивата против џихадистите на Исламска држава во Тикрот е привремено запрена за да им се овозможи на цивилите да го напуштат некогашниот роден град на Садам Хусеин.

Габан истакна дека офанзивата за повторно заземање на Тикрит, која почна кон почетокот на месецов, исполнила 90 отсто од целите и оти џихадистите се потиснати на мал дел од центарот на градот.

Ирачкиот министер соопшти дека екстремистите на ИД минирале зграда во центарот на градот, а ирачките сили, потпомогнати од шиитската милиција и од иранските сојузници, ја забавиле офанзивата за да се намалат сопствените загуби, да се заштити инфраструктурата и да им се овозможи на цивилите да го напуштат местото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...