Невреме во Македонија: откорнати дрва и вода по улиците [галерија]

Во скопската населба Чаир екипата на Мета.мк беше сведок на откорнати дрва и вода по улиците, а населбата мисира на фекалии, со оглед на тоа што атмосферската вода се слева во канализацијата

-

Попладнево почна невреме во земјава, кое засега има зафатено само одредени делови од Скопскиот регион. Во скопската населба Чаир екипата на Мета.мк беше сведок на откорнати дрва и вода по улиците. Населбата мисира на фекалии, со оглед на тоа што атмосферската вода се слева во канализацијата.

Оштетени се и повеќе возила од гранки, но и од откорнати делови од фасади на згради кои завршија врз шофершајбни на автомобили. Улицата „Крсте Асенов“ во еден дел не е проодна бидејќи ја блокира огромна искршена гранка.

Интензивни врнежи има и во Радишани и Драчево.

Од Центарот за управување кризи предупредија дека нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон Македонија и се очекува да го зафати подрачјето на Скопската котлина, особено нејзиниот источен дел, како и Кумановскиот регион.

„Проследена е со електрични празнења, пороен дожд, силен ветер и можна појава на град“, предупредуваат од ЦУК.

Оттаму велат дека стигнаа четириесетина меилови со поплаки од граѓани од кои 30-тина се однесувале на паднати дрва на различни локации во градот кои го попречуваат движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот, паднати бандери со струјни и телефонски кабли. Сите меилови биле препратени до дежурниот во ЈП „Паркови и зеленило“, диспечерскиот центар на ЕВН Македонија, А1, Телекабел и Телеком.

По информацијата добиена од дежурниот во ЦУК за паднат камион товарен со дрва во канал во Радишани и остварениот контакт со дежурниот во шумска полиција, од ЦУК добиле информација дека се запознаени со случајот и се во кординација со полициската станица Чаир и се врши увид на самото место на несреќата.

„По завршениот увид од страна на шумската полиција возилото товарено со дрва ќе биде извлечено од каналот и транспортирано до Агенцијата за управување со одземен имот“, информираат од ЦУК.

Прогнозите се дека од утре продоложува „портокаловата фаза“, кога УВ индексот ќе биде 10. Во вторник и во среда се очекуваат температури кои ќе достигнат и до 43 степени, а од четврток се очекува намалување на температурите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

16 лица загинаа во поплави што ја зафатија централна Европа

Бројот на загинати во поплави предизвикани од поројни дождови кои ја зафатија централна Европа, се искачи на 16, а уште неколкумина се водат како исчезнати, пренесува „Гардијан“. Властите пријавиле смртни...