Српски новинар приведен по протестот во Белград оти носел кукла „обесен Вучиќ“

Новинарот е задржан на 48 часа и со кривична пријава ќе биде однесен во надлежното јавно обвинителство, информира српското МВР

-

Српскиот новинар Бошко Савковиќ е приведен бидејќи на протестот „Србија против насилството“ што се одржа во саботата носел „обесена кукла со ликот на претседателот на Србија Акендар Вучиќ“, јави телевизијата Н1.

Информацијата за телевизијата ја потврдил адвокатот на Савковиќ.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ сподели на Твитер фотографија од петтиот протест против насилството, на која се гледа транспарент од кој виси кукла со ликот на Александар Вучиќ на бесилка.

Безбедносните органи го привеле поради „повикување на насилна промена на уставниот поредок.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, припадници на Криминалистичката полиција и на агенцијата за државна безбедност БИА, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсиле Б.С.(1962), поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.

Новинарот е задржан на 48 часа и со кривична пријава ќе биде однесен во надлежното јавно обвинителство, информира српското МВР.

Како што пишува српскиот весник „Данас“, Бошко Савковиќ, познат српски новинар, писател, режисер и критичар на режимот на Слободан Милошевиќ, медиумската кариера ја почнал уште во почетокот на осумдесетите години, кога работел на радио програми. Во 1985 година почнал да пишува за студентскиот весник „Студент“, а потоа кариерата ја продолжува во низа медиуми, дел од кои самиот ги формира, а се бореле против режимот на Слободан Милошевиќ. На таа тема издава и книги, а е основач и на сатиричниот лист „Наша крмача“, кој е дел на борбата на демократската јавност против Милошевиќ..

Во последниот период се занимава во ТВ и веб продукција и маркетинг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...