fbpx

По Грчец, и дел од Сарај остана без струја – ЕВН е на терен со полициска придружба

Противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај, информираа од ЕВН

-

Противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај, информираа денеска од ЕВН.

„По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија“, велат од ЕВН.

Вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна штета на целиот дистрибутивен систем во регионот.

Од ЕВН велат дека се на терен, со придружба на полиција и се обидуваат да го вратат напојувањето на што е можно повеќе корисници.

Жители на Грчец вчера излегоа на протест пред подружницата на ЕВН во Ѓорче Петров и бараат да добијат струја, односно да нема веќе прекини кои според нив се случуваат често. Тие обвинија дека во месец рамазан, свет месец за муслиманите, ЕВН ги оставило без струја и дека на овој начин ги казнуваат и оние што плаќаат, но и оние што не плаќаат струја.

Од ЕВН и вчера изјавија дека настанал дефект поради што снабдувањето со електрична енергија е во прекин и дека станува збор за последица на контуинирано неовластено и неконтролирано користење на електрична енергија од страна на мештаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...