Во изработка е нов филм за ликот Ридик со Вин Дизел во главна улога. Иако веќе има три дела Пич Блек, Хрониклс оф Ридик и Ридик. Во најновиот филм за Ридик тој се враќа на својата родна планета Фурија и се дознава повеќе за неговото потекло. Тој пронаоѓа преживеани фуријанци со кои има впечатливи сличности, а кои сега се борат со нов непријател.
Во последниот Ридик филм главниот лик има и куче кое што е многу слично со кучињата наречени Kubrow од играта Warframe за која имаме и претходни написи.
Иако досега има три филма и неколку компјутерски игри, фановите очекуваат да го видат Ридик во неговото најдобро издание. Овој пат за разлика од претходните филмови ќе има и подлабока приказна.
Една од најуспешните видео игри со ликот на Ридик е Escape from Butcher Bay каде играте во FPS преспектива и бегате од затвор опремен со најнова технологија.
Пич Блек
Хронклс оф Ридик