fbpx

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

-

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

„Почитувани сограѓани,

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ и да ви посакам празникот на Христовото раѓање да го поминете пред сѐ во добро здравје, во радост и во среќа.

Божиќ ни доаѓа на почетокот на новата година и ни дава сила и енергија да продолжиме исправено пред сите животни искушенија, потсетувајќи нѐ на смислата на нашето постоење и храбрејќи нѐ да им додадеме вредност на нашите животи ширејќи љубов и хармонија. Токму за големиот празник исполнети со вера и надеж да ја вратиме самодовербата и оптимизмот и да работиме посветено на остварување на нашите цели.

Светлината на Божиќ нека се всели во нашите домови и нека донесе просперитет во нашите семејства, во нашите соседства, во пошироката заедница, во целото општество. Да си даруваме почит и внимание, да бидеме грижливи и солидарни и да си ја чуваме татковината.

Христос се роди!“ порача претседателот Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...