fbpx

Спикерот на албанскиот парламент, Илир Мета, го посети Пустец

-

Претседателот на албанското национално собрание, Илир Мета, ја посети Општина Пустец, каде оствари средба со градоначалникот Едмонд Темелко, како и со генералниот секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, и со потпреседателот на партијата, Таќо Гроздани.

Претставниците на македонската заедница во Албанија, го запознаа Мета со состојбата во општина Пустец, особено во делот на инфраструктурата.

Беше нагласена потребата од донесување закон за малцинствата, со кој ќе се признае македонската и другите заедници на целата територија на Албанија и ќе се регулира образованието на македонски јазик, пренесува електронскиот весник „Македониум“, кој се објавува на македонски и на албански јазик.

Претседателот на парламентот, Илир Мета, ја изрази својата благодарност за вредностите што ги носи македонската заедница во Албанија и додаде дека албанскиот парламент го поддржува развојот и зачувувањето на традициите на македонската заедницата и дека ќе се ангажира во најкратко време да се направи реконструкција на гимназијата во Пустец и да се испечатат потребните учебници на македонски јазик.

Спикерот на албанскиот парламент неодамна беше во посета на Македонија и оствари средби со државното раководство и со лидерите на албанските политички партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални...