Центарот за младински активизам КРИК утре, со почеток од 11 часот, во просториите на Млади Хаб во центарот на Скопје ќе ја промовира апликацијата BeCoral која што е изработена за олеснување на работата на младинските работници преку поддршка и инспирација за примена на различни практики.
Тричасовното дружење ќе опфати и инфо сесија за презентација и дискусија на истражувања и дигитална платформа наменета за младите, младински организации и младински работници на интернационално ниво.
Настанот е бесплатен и е отворен за сите лица кои доаѓаат од различни градови од земјава.
Апликацијата е подготвена како дел од проектните активности од проектот STREET APP 4 INCLUSION за инклузија во младинската работа, финансиран од Еразмус+ програмата, информираат од Центарот за младински активизам КРИК.