fbpx

Порошенко: Украина е подготвена да воведе вонредна состојба

-

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, денеска изјави дека Киев е подготвен да воведе вонредна состојба во земјата ако судирите на истокот на Украина и понатаму продолжат.

Говорејќи во пресрет на средбата со лидирите на Франција, Германија и на Русија во Минск, Порошенко рече дека клучната позиција на Киев во разговорите ќе биде насочена кон постигнување безусловен прекин на огнот, но истакна дека Украина е воено подготвена да се брани ако треба.

– Јас, владата и парламентот сме подготвени да ја спроведеме одлуката за воведување вонредна состојба на сите територии на Украина. Ние сме за мир…, но нашата земја треба да биде одбранета и до крај ќе работиме на тоа – рече Порошенко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос...