fbpx

Протест на организаторите на настани, бараат од Владата покрај за платите да им помогне и за загубите

-

Организаторите на настани денеска започнаа со протести пред Владата, кои, како што претходно беше најавено од Асоцијација на компании од индустријата за организации на настани (ИВАП), ќе се одржуваат секој ден, сè додека Владата не им понуди соодветна помош во ситуацијата во која се наоѓаат како последица од пандемијата на ковид-19. Ангажираните во ИВАП бараат од Владата поддршка и решение за состојбата на овој сектор, кој поради пандемијата и ограничувањата за работа, бележи пад од 62 проценти.

Според изјавата на Маја Бабиќ од ИВАП, податоците од Централниот регистар покажуваат пад на прометот за 62 отсто во 2020 година, а освен помошта во шесте месеци од минатата година за плати, немало никаква друга поддршка од Владата, поради што компаниите не можат да си ги покријат загубите.

Во ИВАП членуваат оние кои изнајмуваат озвучување, осветлување, бина, бинска опрема, видео и аудиопродукции, техничка поддршка, и слично. Според Бабиќ, податоците од Централниот регистар покажале дека ниту една компанија од овој бизнис досега не е затворена и не е отпуштен ниту еден вработен, а дека ИВАП, каде се вработени околу 10.000 лица, повеќе од една година бара грантови за поддршка, поради долг период без никаков ангажман.

Од ИВАП најавија дека протестите ќе се одвиваат во континуитет, секој ден од 12:00 до 15:00 часот, сé до постигнување на заемно прифатливо решение со Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...