Главниот извршен директор на „Тесла“, Илон Маск објави дека со биткоини ќе може да се купат автомобилите „тесла“ во Соединетите Американски Држави.
You can now buy a Tesla with Bitcoin
— Elon Musk (@elonmusk) March 24, 2021
Маск минатиот месец објави дека купил биткоини во вредност 1,5 милијарди долари, потенцирајќи дека биткоинот наскоро ќе биде прифатен како најпопуларна криптовалута со која ќе може да се плаќа.
На веб-страницата на „Тесла“ се објаснува како клиентите ќе можат да платат со биткоини.
Инаку, електричните автомобили „тесла“ чинат помеѓу 37.990 и 124.000 долари не вклучувајќи ја пресметката на даноците, објави cnbc.com.