fbpx

Премиерот Груевски се сретна со претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета

-

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета.

На средбата било дадена позитивна оцена за билатералните односи кои се карактеризираат со средби на највисоко ниво. Двете страни ја изразиле својата посветеност кон европските и евроатлантските интеграции како клучни стратегиски определби на двете земји. Соговорниците ја истакнале својата заложба за унапредување и за продлабочување на економските односи, трговската размена и на соработката на реализацијата на инфраструктурни проекти.

Соговорниците разговарале и за можностите за продлабочување на соработката во областа на туризмот и други стопански сектори од заемен интерес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Повторно лажна „наградна игра“ со злоупотреба на КАМ маркети

КАМ маркет е честа мета на дезинформации за лажни „наградни игри“ кои се користат за различни цели и Вистиномер повеќе пати има разобличувано слични објави, каде како и во...