fbpx

Норвежанец од Орегон со лепра од мачор го запалил Куранот, проверено од Индонезија во БиХ

-

„Раскринкавање“, сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите од Босна и Херцеговина истражи и оповргна една невистина што станала многу вирална на социјалните мрежи и била објавена на еден портал, а во себе носи елементи на ширење религиска нетрпеливост.

Станува всушност збор за фотографија од човек во болнички кревет во тешка состојба, за која порталот „Сазнајемо“ и некои Фејсбук страници пишувале дека станува збор за Норвежанец кој е во многу тешка состојба како казна од Бог за тоа што го запалил Куранот. „Раскринкавање“ внимателно истражувал и утврдил дека истата приказна се ширела и на индонезиски Фејсбук групи и некои портали, но дека е тврдењето е апсолутна лага.

На фотографијата направена пред седум години всушност е Пол Гејлорд од Орегон, кој бил заразен со лепра од својот мачор, но потоа бил излекуван.

Српскиот сервис за проверка на фактите „Истиномер“, пак, по повод својата десетгодишнина се зафаќа со избор на лагата на деценијата и на најпознатото ветување на политичари и функционери што не било исполнето. Списокот на „кандидатите“ може да се види тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Случајот со апсењето на врховниот судија Наке Георгиев следело по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран...