fbpx

Тетовец посредувал во проституција во својот локал

-

Шеесет и петгодишен тетовец е осомничен дека посредувал во користење сексуални услуги од две албански државјанки на клиенти во неговиот угостителски објект во градот, соопшти МВР.

СВР Тетово против М.А.(65), сопственик на локалот „АББА“, поднел пријава за две кривични дела, односно посредување во вршење проституција и помагање странец при незаконит престој, а судија на предходна постапка му одредил притвор од осум дена.

– Пријавениот е осомничен дека со намера да се стекне со заработувачка, во неговиот угостителски објект „АББА“ во Тетово, подолго време на други лица им овозможувал користење сексуални услуги од две албански државјанки на возраст од 27 и од 28 години. Тој, исто така, е осомничен дека им помогнал на странските државјанки и незаконски да престојуваат на територијата на Република Македонија и нелегално да работат – стои во соопштението од МВР.

Според полицијата, двете албански државјанки на М.А. за секој клиент му плаќале по 1.000 денари, од кои 700 биле за користење соба и 300 за нарачаниот коктел. Тие во „АББА“ работеле од средината на ноември минатата година, а сексуалните услуги ги нуделе секој ден во период од 18 до 1 часот по полноќ.

Случајот бил откриен на 10 јануари, кога екипи на МВР, УЈП и на Државниот пазарен инспекторат, при контрола на локалот, ги затекнале албанските државјанки.

По извршените разговори во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, албанските државјанки се префрлени во Прифатниот центар во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...