fbpx

Армијата доби нови 125 професионални војници

-

Армијата на Република Северна Македонија од денеска во своите редови има нови 125 професионални војници, прва од двете планирани класи за оваа година. Минатата година беа примени 375 нови професионални војници.

На свеченоста во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, истакна дека со приемот на овие 125 професионални војници, се подмладува армискиот состав, а се создаваат и идни армиски генерации кои што ќе ја претставуваат нашата земја како дел од најмоќниот воено-политички сојуз на денешницата.

-Изминатите две години, од една страна го сработивме членството во НАТО, но од друга страна не ја заборавивме нашата Армија и затоа успеавме да обезбедиме поголеми буџети, успеавме да обезбедиме зголемување на платите две години по ред и успеавме да примиме нови припадници на Армијата и минатата и оваа година – рече министерката Шекеринска.

Во однос на идните чекори, министерката посочи дека фокусот е ставен на подобрување на законските решенија, за кои, рече дека наскоро ќе влезат во собраниска процедура, како и фазата на приоритетните проекти за модернизација.

-После 16 години армијата доби нови инженериски машини кои што ни се многу важни, како за армиските потреби, така и за потребите на граѓаните. Во вториот дел од 2019 година, фокусот ни е ставен на набавка на борбени возила и набавка на заштитна опрема за сите војници – истакна министерката.

На свеченоста, освен министерката Шекеринска, на ново примените професионални војници, договорите за работа им ги врачија и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, заменикот – министер Беким Максути, директорот на Генералштабот, генералот Зоран Миле Милевски и командантот на Здружената оперативна команда, генералот Павле Арсоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...