fbpx

Управата за финансиска полиција лани поднела 74 кривични пријави

-

Министерот за финансии Драган Тевдовски оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми кој информирал дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на буџетот во износ од три милијарди денари.

Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на буџетот во износ од 293 милиони денари.

„Минатата година направени се неколку клучни реформи и активности во Управата, меѓу кои и  измени на Законот за финансиска полиција. Управата од 2018 година зема учество во Платформата за меѓусебно поврзување и користење на базите на податоци помеѓу државните институции. На предлог на Управата прифатено е и ново кривично дело во Кривичниот законик – даночна измама. Воедно, Управата зема активно учество во Стратегијата за борба против тероризмот, Стратегијата за заштита на финансиските интереси на ЕУ во РМ како и во Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги“, се вели во соопштението на Министерство за финансии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...