fbpx

Укината забраната за движење на тешки товарни возила, но задолжителни се синџири

-

Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на неколку планински превои, соопшти ЈП „Македонија пат“. Сепак, оттаму соопштуваат дека е задолжителна  употребата на зимска опрема.

На патниот правец Охрид – Ресен преку планински превој Буково, забраната за сообраќај за тешки товарни возила е укината, но е задолжителна употреба на зимска опрема (синџири).

На патниот правец Охрид – Кичево преку планински превој Пресека е укината забраната за сообраќај за автобуси.

На патниот правец Охрид – Кичево преку планински превој Пресека е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила, но е задолжителна употреба на зимска опрема (синџири). На патниот правец Гостивар – Кичево преку планински превој Стража забраната за сообраќај за тешки товарни возила е укината, се вели во соопштението на „Македонија пат“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Западот не спровел државен удар во Украина во 2014 година, војната ја започна Русија

Она што се случува во Украина сега, нема никаква врска со некаков државен удар од Западот спроведен во 2014 година, туку е поради фактот што Русија во февруари 2022...