fbpx

Римокатоличкиот Апостолски егзархат стана бискупија без „Македонија“ во името

-

Папата Франциско го воздигнал во бискупија под наслов „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“ досегашниот Апостолски егзархат во Македонија, воспоставен во 2001 година, јави МИА.

Веста за чинот на воздигнувањето е објавена денеска напладне во Ватикан, како и во Македонија од апостолскиот нунциј, монсињор Анселмо Гвидо Пекорари.

Во името на бискупијата, за разлика од досегашниот егзархат, го нема зборот „Македонија“. Егзархатот ги опфаќаше католиците од источен обред, потомци на Унијатите, а паралелно со него е и Скопската бискупија, за католиците од западен обред.

За прв бискуп на новооснованата бискупија е именуван досегашниот скопски бискуп, Киро Стојанов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...