Времето денеска ќе биде претежно сончево, наутро свежо, преку денот потопло. Во текот на денот ќе дува слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 27 степени.
Во Скопје и во околината ќе биде сончево со температура од 4 до 24 Целзиусови степени.
Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст. В сабота повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура благо ќе опадне, но од недела повторно ќе биде во пораст. Во почетокот на наредната работна седмица се очекува и натпросечна дневна температура за овој период од годината.