fbpx

Заев и Шекеринска се сретнаа со Соња Локар

-

Зоран Заев, Радмила Шекеринска и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, денеска се сретнаа со Соња Локар, извршна директорка на мрежата на Централно-европската иницијатива за родови прашања.

На средбата се разговарало за политичката состојба во земјава и во регионот.

– Родовата еднаквост, вклученоста на жените во активниот политички живот и едукацијата на жените се правци во кои треба да работи Македонија како земја што претендира да стане дел од европската заедница – истакнала Локар.

Заев посочи дека вклученоста на жените во партиските активности на Социјалдемократскиот сојуз изнесува 40 отсто и дека нивната улога е важна во носењето на одлуките и во креирањето на политиките на партијата.

Заеднички беше констатирано дека проблемите со кои се соочува земјата, големиот процент на сиромаштија, иселувањето на младите и големиот процент на невработеност директно ги засегаат жените и затоа нивната вклученост во политиката е неопходна за нивно решавање.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...