fbpx

Украина размислува за рестрикции на струја

-

Украина ќе биде принудена да спроведе дополнителна рестрикција на струја, ако температурата многу опадне, соопшти премиерот Арсениј Јацењук.

Украина до неодамна имаше доволно електрична енергија за своите потреби, но повеќемесечните борби со проруските сепаратисти го нарушија снабдувањето на термоелектраните со јаглен, кои обезбедуваат 40 отсто од украинските потреби за електрична енергија.

Украинското министерство за енергетика веќе привремено го запре снабдувањето со електрична енергија со Крим, откако полуостровот кој го анектираше Русија, не ги исполни барањата за намалување на потрошувачката на струја, упатено до сите региони поради недостиг на електрична енергија. Дистрибуцијата на струја во меѓувреме е обновена, но министерството за енергетика предупреди дека кој било дел од Украина, вклучувајќи ги и подрачјата под надзор на сепаратистите, ќе бидат целосно исклучени од електрисистемот доколку не се намали потрошувачката во согласност со официјалните барања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...