fbpx

Полицискиот синдикат бара командна одговорност за настаните во Собрание

-

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски денеска побара командна одговорност, правична и поединечна истрага за насилствата во Собранието. Ваквото барање доаѓа по суспендирањето на 16 полициски службеници поради несоодветното дејствување за време на нередите во претставничкиот дом.

– Апелираме до Министерството за внатрешни работи своите надлежности да ги извршува темелно и правично во согласност со законските одредби, притоа внимавајќи на сите поединечни карактеристики на секој случај одделно, особено дали поединечни колеги кои биле сами или во мал број биле во состојба квалитетно да делуваат, притоа недобивајќи соодветни инструкции за ваков специфичен настан. Бараме МВР да не ја занемари командната одговорност која е круцијална во овие ситуации – рече Антовски.

Тој го повика МВР да води сметка за потребата од мерка суспензија од работно место со цел за ненарушување на социјалната положба на вработените и истакна дека таквите мерки се непотребни и неефективни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...