Скопјанец со секира упаднал вчеравечер во двор на улицата 376 во Чаир и ги нападнал сопственикот А.А. (52), неговата сопруга и двете ќерки. Притоа, повреден бил 52-годишникот.
Како што соопшти СВР Скопје, инцидентот се случил во 18.40 часот, кога 37-годишниот А.Џ. влегол во дворот и со секирата ги нападнал четворицата, по што поради повредите, сопственикот на куќата морал да биде однесен во Ургентниот центар во Скопје, каде е задржан на лекување.
Полицијата работи на расчистување на случајот.