fbpx

СДСМ: Средношколци преку летоци се повикуваат на протести

-

Општинската организација на СДСМ во Охрид ги обвини надлежните локални власти дека преку летоци ги повикуваат учениците во гимназијата „Свети Климент Охридски“ на протести, јавува дописникот на „Мета“ од Охрид.

Од партискиот разгранок на СДСМ укажуваат дека злоупотребата на ученици за лични и за партиски цели е кривично дело и дека секој што ќе стори ваков прекршок ќе мора да одговара, а од директорот и од надлежните во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ побараа да ја почитуваат својата законска обврска да ги заштитат учениците од партиски злоупотреби.

– Недозволиво е ученици преку летоци истакнати на видни места да се повикуваат да напуштаат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и се шири етничка и национална омраза. Тие треба да бидат воспитувани и образувани во духот на заедништвото, еднаквоста и на демократските вредности. Никој нема право да ги манипулира и да ги злоупотребува учениците за остварување партиски цели. Учениците, но и нивните родители имаат право да се чувствуваат безбедни, без какви било притисоци за време на училишниот ден. Злоупотребата на деца и на ученици, за лични и за партиски цели е кривично дело и секој што ќе стори ваков прекршок ќе мора да одговара – велат од СДСМ Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...