fbpx

Напаѓачот кај „Лувр“ извикувал „Алах е голем“

-

Француски војник отворил оган откако негов колега бил нападнат со мачета во центарот на Париз, кај познатиот музеј „Лувр“, јавуваат светските новински агенции, додавајќи дека напаѓачот извикувал „Алаху акбар“ (Алах е голем).

Француските медиуми наведуваат дека напаѓачот е погоден во нога и во стомак, а еден од војниците е полесно повреден, како и дека дел од „Лувр“ и трговскиот центар „Карусел“ се евакуирани и се под засилен полициски надзор.
Полициски извори велат дека напаѓачот носел два торби, чија содржина е испитана и утврдено е дека во нив нема експлозив. Контрадиверзионите екипи ја пребаруваат и околината на „Лувр“.

Францускиот премиер Бернар Казнев изјави дека станува збор за терористички напад.

Нападот се случил околу 10 часот наутро, на скалите во подземниот трговски центар кај „Лувр“, во близина на музејот, кога вооружениот напаѓач потрчал кон војникот и заканувајќи му се со мачетата, извикал „Алаху акбар“.

Еден војник добил полесни повреди, а друг истрелал пет куршуми во напаѓачот, погодувајќи го во нозете и во стомакот.

Полицијата половина час подоцна објави дека „ситуацијата е безбедна“. Уште едно лице е уапсено поради „сомнително однесување“, но не е пронајдена поврзаност со напаѓачот.

Министерството за внатрешни работи веднаш објави тревога и оцени дека инцидентот претставува „сериозно загрозување на безбедноста“.

Туристите кои се затекле во „Лувр“, пред евакуацијата добиле наредба да се соберат во ходниците и да седнат на под додека опасноста не помине, а сите врати од музејот биле заклучени.

На социјалните мрежи некои велат дека полицијата ги претресувала и нивните торби.

Во Париз од ноември 2015 година, поради серијата терористички напади, е зголемено нивото на безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...