fbpx

Вработените од „Југохром“ утре ќе ја блокираат раскрсницата пред Судска палата

-

Синдикатот на вработените на комбинатот „Југохром“ утре ќе организира уште еден протестен собир против, како што велат, неоправданото исклучување на печките на фабриката.

Мирниот протест ќе се одржи в четврток во Скопје, каде вработените еден час ќе ја блокираат крстосницата пред Судска палата. Протестот ќе почне во 12 часот.

По 13 часот вработените ќе се упатат пред Инспекторатот на Министерството за животна средина, каде што ќе достават протестно писмо против неоправданото исклучување на печките на комбинатот „Југохром“.

Пред 11 дена вработените од „Југохром“ го блокираа автопатот Тетово – Скопје, кај наплатната рампа Желино. Тие побараа повлекување на одлуката на Инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“, добивање статус на работниците додека не се рестартира фабриката и забрзување на изградбата на филтер-станицата на комбинатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...