fbpx

Јанева го презентира извештајот во Советот на јавни обвинители

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пристигна во Советот на јавни обвинители, каде треба да го презентира шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Седницата на Советот на јавни обвинители е отворена за јавноста и дозволено е присуството на новинарски екипи.

Истовремено, Јанева ја очекуваат и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, за пратениците да можат да продолжат со расправата.

Претседателот на собраниската комисија, Влатко Ѓорчев, двапати ја одложува седницата поради тоа што Јанева не присуствувала.

Претходно, во 10 часот утринава, Јанева ја отвори прес-конференцијата на СЈО за случајот „Трезор“ и веднаш замина во Советот на јавни обвинители, а случајот го презентираа обвинителките Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...