Претседателскиот кандидат на СДСМ од последните претседателски избори, кои се одржаа годинава, Стево Пендаровски, на синоќешната трибината на СДСМ во Прилеп им даде поддршка на студентите и ги повика граѓаните да им се придружат.
– 10 декември е денот на човековите права. Во Скопје е закажан голем протест на „Студентски пленум“ на студентите кои ќе излезат вторпат да ги бараат своите права. Би ве замолил сите, немојте да се посрамиме како луѓе, не како опозиција, и да не им дадеме случајно поддршка – рече Пендаровски, додавајќи дека студентите ја пробудија совеста во Македонија.
Според Пендаровски, битката на слободна и европска Македонија мора да се води заедно и сложно.
– Или ќе бидеме заедно или, ако не бидеме заедно, да знаете дека заедно ќе пропаднеме, како држава, не како поединци. Таа опасност не е за потценување – рече Пендаровски, притоа потсетувајќи дека и специјалниот известувач на ЕУ за Македонија, Ричард Ховит, во емитувано интервју изразил стравување да не се повтори 2001 година.