fbpx

Почна аџилакот во Саудиска Арабија

-

Околу eден и пол милион муслимански верници денеска го почнаа годинешниот аџилак во Саудиска Арабија. Аџиите, како што јавуваат светските медиуми, годинава ќе се соочат со засилени мерки на безбедност, кои вклучуваат построги прописи и носење нараквици со лични податоци.

Станува збор за превентивни мерки за да се избегне евентуална несреќа, како онаа од минатата година, кога во стампедо загинаа повеќе од 2.000 лица.

Сепак, според медиумите, на аџилакот не се присутни десетици шиити од Иран поради долгогодишните тензии со сунитската Саудиска Арабија.

Аџилакот во Саудиска Арабија спаѓа меѓу најголемите верски собири во светот.

По обредите на почетокот на неделава во Големата џамија во Мека, верниците денеска ќе почнат да пристигнуваат со автобуси, возови или пеш во градот Мина, оддалечен околу пет километри источно од Мека.

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот. Секој муслиман, во согласност со верскиот закон, е должен барем еднаш во животот да отиде на аџилак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...