Националниот совет за родова рамноправност до лидерите, органите и до телата на политичките партии испрати отворено писмо преку кое апелира за целосно почитување на Законот за еднакви можности и на Законот за избор на пратеници, со кој е загарантирана квотата од 40 проценти застапеност на жените на кандидатските листи.
Од советот потсетуваат на тоа дека рамноправноста и еднаквите можности за сите ги одбележува партиите и државата како демократски или недемократски.
„Националниот совет за родова рамноправност како женска организација и мрежа која 24 години работи на родовата рамноправност и еднаква застапеност на жените во сите одлучувачки структури, ви дава целосна поддршка за почитување на квотата од 40 проценти и избрани парламентарки на вонредните парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година“, стои во отвореното писмо на Националниот совет за родова рамноправност.