fbpx

Втор студентски марш в среда, на Денот на човековите права

-

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ одлучи в среда, на 10 декември, да го одржи вториот студентски марш против одлуката на Владата да воведе државен испит на факултетите. Збирно место на студентите ќе биде платото на УКИМ во 12 часот.

„Она што сите го очекуваа од последниот студентски пленум па сè досега е официјален датум и место за вториот студентски марш. Датумот е избран поради симболиката, бидејќи е Ден на човековите права. Исто така, влијаеја (не еднакво со симболиката на денот) и временските прогнози кои навестуваат дожд за секој ден наредната недела освен среда. Затоа на 10 декември, покрај студентите, повикани се сите граѓани да се придружат во 12 часот на платото на УКИМ на вториот студентски марш!“, стои во соопштението на „Студентски пленум“

Студентски марш истовремено ќе има и во Битола, а ќе почне во 12 часот, пред Техничкиот факултет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...