fbpx

Почнa самитот на НАТО во Варшава

-

Дводневниот самит на НАТО денеска почнува во полскиот град Варшава, а главна тема ќе бидат безбедносните прашања, состојбата во Авганистан, кризата во Украина и односите со Русија, како и борбата против Исламска држава (ИД).

Северноатлантската алијанса не е директно вклучена во борбата против ИД во Сирија и во Ирак, но некои нејзини членки се дел од антитерористичката коалиција, предводена од САД.

На самитот, на кој ќе учествуваат и претседателите на САД и на Франција, Барак Обама и Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер во заминување Дејвид Камерон, како и министрите за одбрана и за надворешни работи на Македонија, Зоран Јолевски и Никола Попоски, ќе се разговара за односите со Русија, која дел од членките ја гледаат како потенцијална закана за НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...