fbpx

Пукање во воената база Ендрјус во САД

-

Базата Ендрјус на военото воздухопловство на САД, во сојузната држава Мериленд, денеска била запечатена поради извештаи за вооружено лице кое отворило оган во базата, јавуваат светските медиуми.

Портпаролот на базата, капетанот Дерек Вајт, за „Би-би-си“ изјавил дека вооружено лице се наоѓало во болницата „Малком Гроу“, во базата.

Базата Ендрјус, инаку, е седиште на претседателскиот авион „Ер форс уан“ (Air Force One).

Инцидентот се случил пред воената вежба, која била закажана за денеска во базата, а персоналот бил веднаш советуван да побара засолниште.

Базата беше запечатена и минатиот месец, откако жена влезе во комплексот, тврдејќи дека носи бомба.

Жената беше совладана, а по извршените проверки беше утврдено дека станува збор за лажна тревога, односно дека кај неа немало никаков експлозив.

Од воената база на нивниот официјален твитер-профил напишаа дека ситуацијата во базата е под контрола, освен во болницата „Малком Гроу“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...