fbpx

ЗНМ го осуди актот на обезбедувањето на Груевски

-

Здружението на новинарите на Македонија денеска најостро го осуди вчерашниот инцидент во „ТВ21“, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер Груевски натераа новинар да избрише снимки.

– Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира сила против медиумите. Сакам да го потсетам господинот Груевски дека во Македонија слободата на изразувањето е гарантирана. Тој е јавна личност и на јавно место, новинарите имаат право да го снимаат – изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Министерството за внатрешни работи би требало денеска да излезе со официјална информација за вчерашниот инцидент и да даде објаснување зошто полицајците влегле во „ТВ 21“.

Инцидентот се случил за време на прошетката на Груевски и на неговото семејство по улица Македонија. Обезбедувањето веднаш интервенирало откако забележале дека новинар го снима лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие упаднале во телевизијата, го легитимирале новинарот и од неговиот мобилен телефон го избришале снимките. Еден од телохранителите се легитимирал дека е вработен во МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...