fbpx

АРМ ќе учествува во „Анаконда 2016“, воената вежба на НАТО

-

Припадници на неколку единици на Армијата на Република Македонија заедно со припадници на армиите од уште 23 земји од НАТО и Партнерството за мир (ПЗМ), од денеска и официјално ги почнуваат активностити на меѓународната вежба „Анаконда-16“, која ќе трае до 17 јуни и ќе се изведува на неколку локации во Република Полска.

Армијата на Република Македонија учествува со 157 свои припадници во состав од пешадиска чета, вод на воена полиција, припадници од полкот за специјални операции и штабен персонал, кои во наредните денови рамноправно со другите учесници ќе ја покажат компатибилноста со НАТО-стандардите во изведување на сложени борбени операции.

„Соработката меѓу земјите членки на НАТО и ПЗМ, како и градење на меѓусебна доверба за заедничко учество во меѓународни здружени операции е една од главните цели на изведување на оваа вежба во организација на армијата на Соединетите Американски Држави во Европа и на вооружените сили на Република Полска. Со учеството на оваа голема здружена вежба, АРМ како и досега покажува дека е оспособена за спроведување на НАТО-стандардите и оперативните процедури и рамноправно да учествува во секаков вид сложени вежби и операции за поддршка на мирот и на безбедноста заедно со партнерските земји членки на НАТО“, соопштуваат од АРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...