fbpx

Иванов целосно ја поништи аболицијата

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска донел одлука да ги поништи и преостанатите 34 одлуки за помилување, кои ги донесе на 12 април оваа година, се вели во писмената изјава на Иванов, испратена од неговиот кабинет попладнево.

Во соопштението се наведува дека по поништените 22 помилувања кои се однесуваа на политичари, до кабинетот на Иванов ниту едно од преостанатите 34 помилувани лица досега не поднело барање за повлекување на аболицијата.

„Изминаа десет дена откако донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување постапка за вкупно 22 политички експонирани лица. Оттогаш, сите други лица, согласно законските измени, имаа можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Меѓутоа и покрај декларативните најави на дел од нив во јавноста дека ќе го сторат тоа, досега ниту еден од помилуваните не поднесе барање за поништување на одлуките за нивно помилување. Во овие десет дена бевме сведоци на различни толкувања на оваа одлука на поларизираната политичка сцена и обиди да се освојат ситни дневно-политички поени преку оваа одлука за која, како и тогаш, така и сега сум уверен дека ќе придонесе за национално помирување и ќе понуди излез од политичката криза во Република Македонија. Поради ова, денеска донесов одлука да ги поништам и преостанатите одлуки за помилување што ги донесов на 12 април“, стои во писмената изјава на Иванов.

Иванов, на крајот во изјавата, вели дека „за разлика од 12 април, денеска имаме нова реалност во Македонија и дека „во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Not a living soul“ – лингвистичка и политичка манипулација од руската кујна

Објава на Фејсбук шири невистина дека во англискиот јазик нема еквивалент за рускиот израз „ни души“, односно за нашиот „ни жива душа“, па Англичаните и Американците за тоа го...