fbpx

Агенција за медиуми: Прекршочни постапки за „Алфа“, „Канал 5“ и за „Сител“

-

Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги во вториот извештај од надзорот на медиумското претставување во вестите по распишување на изборите, за период од 25 април до 4 мај, констатира дека телевизиите „Алфа“, „Канал 5“ и „Сител“ известуваат за активностите на органите на власта во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО-ДПМНЕ.

За констатираните прекршувања се покренати прекршочни постапки.

„Агенцијата предупредува дека продолжува непочитувањето на професионалните стандарди и на програмските начела, особено за објективно и непристрасно прикажување на настаните и за еднаков третман на различни гледишта, за почитување на човечкото достоинство и за поттикнување на духот на толеранцијата. Првиот извештај за интервјуата, дебатите и за другите информативни програми за период од 15 април до 4 мај покажаа дека во некои информативни програми има појава на најгруб говор, навреди и клевети кои се надвор од дозволените граници на демократска дебата“, соопштија од Агенцијата за медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...