fbpx

Ристо Лазаров на поетскиот фестивал „Војната и поезијата” во Романија

-

Македонскиот поет Ристо Лазаров учествува на Mеѓународниот поетски фестивал што до 15 мај се одржува во романскиот град Крајова, во чест на романскиот поетски великан од 19 век, Михаел Еминеску.

На фестивалот учествуваат поети од триесетина земји од целиот свет.

Покрај бројните поетски настапи, програмата предвидува и разговори на тема „Војната и поезијата“.

Секоја година фестивалот објавува антологија од творештвото на неговите учесници.
Меѓу годинешниве фестивалски лауреати е и поетот Ристо Василевски од Смедерево, надворешен член на МАНУ.

Лазаров, гостувањето го реализира без финансиска поддршка од Министерството за култура на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...