fbpx

Иванов: Досега не најдовме правна основа за повлекување на аболицијата

-

Како што најавив во моето последно обраќање, а во врска со пристигнатите лични барања за повлекување на одлуката за помилување – ослободување од гонење без спроведување постапка, во тек се консултации со правни експерти за наоѓање можно правно решение, пишува претседателот Ѓорге Иванов во писмена изјава.

Во изјавата стои дека од досега извршените консултации со врвните правни експерти во државата, не е најдена правна основа за повлекување на одлуката и дека консултациите продолжуваат во насока на наоѓање решение.

„Ги повикувам и лидерите на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, и тие да се вклучат во овој процес и да понудат правно решение што ќе биде во согласност со Уставот и со законите на Република Македонија. Јас, како и досега, така и во иднина ќе постапувам единствено и исклучиво според Уставот и законите на Република Македонија. Во врска со протестите, изјавувам дека никому не му е ускратено правото да искаже незадоволство или протест за која било одлука на која било државна институција. Но, во остварувањето на тоа право, повикувам да не се нарушува јавниот ред и мир и да не се уништува приватниот и државниот имот“, пишува во изјавата на Иванов.

Претседателот вели дека Република Македонија се соочувала со предизвици и со кризи, но секогаш наоѓала решенија преку дијалог во институциите, водејќи се пред сè од интересот на граѓаните и од државниот интерес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...