fbpx

Осомничен во „Транспортер“ доби куќен притвор

-

Судија на претходна постапка му одреди мерка куќен притвор, од 30 дена, на еден од четворицата осомничени во случајот „Транспортер“, кои денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1.

На другите тројца осомничени, судијата им одредил мерки на претпазливост, односно им ги одзел пасошите и тие мора да се јавуваат еднаш неделно пред надлежен суд. Покрај тоа, добија и забрана да го напуштат живеалиштето, односно градот Битола.

Денеска на распит, според неофицијални информации, биле тројца директори на битолски училишта и еден управител на фирма превозник, осомничени за криминалните зделки со автобускиот превоз на ученици во Битола.

Од судот не прецизираат на кое лице му е одредена мерката куќен притвор, освен дека е со иницијали Ј.Ј.

Синоќа, пак, судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, по сите три основи од ставот 165 од Законот за кривична постапка, според барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Според информациите, станува збор за вработен во одделот за јавни набавки во Општина Битола, кој е второосомничен во случајот „Транспортер“.

Како што информираат од Кривичниот суд во Скопје, каде се сослушуваат лицата за кои СЈО побара мерки за обезбедување, на осомничениот му е одреден притвор поради опасност од бегство, од влијание на сведоци и поради опасност од повторување на делото.

Специјалното јавно обвинителство минатата недела отвори истражна постапка поради основани сомневања за сторена злоупотреба со превозот на ученици во Битола, во која осомничени се вкупно 22 лица.

Првоосомничен во случајот е битолскиот градоначалник Владимир Талески, против кого не се води постапка бидејќи е еден од 56-те лица што беа аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Утре треба да продолжи сослушувањето на уште тројца осомничени за кои СЈО бара мерки за обезбедување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...