fbpx

Невин одлежал 33 години во затвор

-

Американскиот суд вчера ослободи морнар кој 33 години минал во затвор, откако во 1982 година бил погрешно осуден за силување жена и за убиство на нејзиниот сопруг.

Педесет и деветгодишниот Кит Харвард е осуден дека влегол во куќа во пристаништето Њупорт њуз и со метална прачка убил маж и ја силувал неговата жена, додека нивните три деца спиеле.

Експертите тогаш заклучиле дека трагите од касање на жената се совпаѓаат со отпечатокот од забите на Харвард, поради што му досудиле доживотна затворска казна.

Три децении подоцна, со анализа на ДНК е докажано дека за убиството и за силувањето е виновен друг морнар, кој во меѓувреме починал во затвор, каде издржувал казна за друго злосторство.

Врховниот суд на сојузната држава Вирџинија соопшти дека „ ја признава невиноста на Харвард и ја поништува пресудата за убиство, силување, содомија и за грабеж“, наредувајќи веднаш да биде ослободен.

САД во текот на 2015 година ослободија 149 лица што биле осудени невини. Во просек, секој од нив одлежал по 14 и пол години во затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...