fbpx

Обама: Избегнувањето плаќање данок е глобален проблем

-

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата куќа изјави дека избегнувањето плаќање данок е глобален проблем.

Обама се обрати до јавноста по скандалот што го предизвика објавувањето на „Панама пејперс“, од кои протекоа имиња на компании и на поединци што избегнувале да платат данок преку офшор-компании.

Тој ги поздрави чекорите на министерството за финансии кои би требало да ја спречат практиката на корпорациите да купуваат помали компании во странство, а потоа седиштата на компаниите да ги префрлат на таа адреса.

Обама смета дека е особено важно да се направат реформи на данокот на добивка, но изгледите за носење таков закон во изборна година се многу мали, затоа што разликите меѓу демократите и републиканците за даноците се многу големи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нова истрага покажа дека британската влада свесно го прекрила скандалот со инфицирана крв

Денес се објавија резултатите од јавната истрага за најголемиот здравствен скандал во Велика Британија. Станува збор за илјадници луѓе кои се заразиле со ХИВ и Хепатит Ц, како последица...