fbpx

Белгиско обвинителство: Терористи не стојат зад убиството на чуварот на нуклеарната електрана

-

Обвинителството во белгискиот град Шарлоа ја отфрли можноста за постоење траги од тероризам во убиството на припадникот на обезбедувањето на нуклеарната централа Тијанж, чија пропусница потоа е украдена.

Белгиската мрежа на нуклеарни централи и другите големи инфраструктури се соочени со закана од кибернетечки напади во следните пет години, потврди координаторот на ЕУ за борба против тероризам Жил де Кархове во интервју за „Либр Белжик“.

– Не би ме зачудило ако во следните пет години има обиди за напади преку интернет – рече Де Керхове.

Белгиските медиуми пред два дена објавија дека бриселските бомбаши-самоубијци Халид и Ибрахим ел Бакару планирале и напад на белгиската нуклеарна електрана, но го смениле планот откако е уапсен Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите во Париз.

Доказите до кои дошле белгиските власти покажуваат дека истата терористичка ќелија која стои зад минатогодишните нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица, е одговорна за нападите на  аеродромот и метро-станицата во Брисел, во кои загинаа 31 лица, а 270 се ранети.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...