fbpx

Во Турција уапсени 50 лица поврзани со движењето на Ѓулен

-

Турската полиција утринава уапсила 50 лица, вклучувајќи го и поранешен ректор на универзитет поради поврзаност со движењето на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, објави денеска весникот „Хуриет дејли њуз“.

Движењето на Ѓулен во Турција се смета за терористичка организација, која се обидува да го собори претседателот Реџеп Таип Ердоган од власт.

Весникот наведува дека меѓу приведените се поранешниот ректор на универзитетот „Сулејман Демирел“, професорот Хасан Ибиџиоглу, неколкумина претставници на академски институции и бизнисмени.

Се уште се трага по шест лица за кои исто така е издадена наредба за апсење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...