fbpx

Поради безбедносни причини, откажан митингот на Трамп во Чикаго

-

Доналд Трамп го откажа митингот во Чикаго откако илјадници собрани се поделија во два табори – поддржувачи и противници на неговата кандидатура.

Вработена во тимот на Трамп, половина час по предвидениот почеток на митингот, излезе на подиумот и рече дека митингот ќе биде одложен од безбедносни причини.

Во соопштението на американскиот бизнисмен, кое е издадено подоцна, наведено е дека митингот ќе се одржи некој друг ден, но не е прецизирано кога.

Откако се откажа митингот, насобраните почнале да навиваат, а откако почнале да кинат плакати, избил конфликт помеѓу двете групи, поради што полицијата морала да интервенира.

Противниците на Трамп извикувале „Го замолчивме“, а поддржувачите „Го сакаме Трамп“.

Трамп во телефонски разговор за „Ем-ес-ен-би-си“, по откажувањето на митингот, рече дека направил мудра одлука да го одложи настанот заради безбедноста на луѓето.

Тој додаде дека сега очекува поддршката на неговата кандидатура за претседателски кандидат на Републиканската партија само да се зголеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...