fbpx

Зголемување на кредити во приватниот сектор

-

Првичните податоци на Народна банка за февруари покажуваат зголемување на кредитите на приватниот сектор на месечна основа, што следува по намалувањето остварено во јануари 2016 година.

– Месечното зголемување на кредитите е резултат на зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор, иако умерен пораст остварија и кредитите на домаќинствата. Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во февруари изнесува околу 9 отсто и ја надминува проекцијата за првиот квартал на 2016 година – се вели во соопштението на Народна банка.

Во однос на депозитниот потенцијал, по намалувањето во јануари, во февруари вкупните депозити остварија пораст, при што нивната годишна динамика на пораст во февруари ги надмина очекувањата за првото тримесечје во рамки на октомвриските проекции.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...