fbpx

Могерини ја повика Турција да ја почитува слободата на изразување

-

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, денеска ја повика Турција да ги почитува основните демократски права и слободата на медиумите, откако турската влада го презеде опозицискиот весник „Заман“.

Могерини пред почетокот на самитот ЕУ – Турција во Брисел порача дека „Турција мора да ги почитува највисоките стандарди во областа на почитување на човековите права, владеење на правото и на демократијата, почнувајќи од слободата на изразување“.

Лидерите на Франција и на Белгија, исто така, ги повикаа властите во Анкара да не ја нарушуваат слободата на изразување.

Турската полиција минатиот петок ги зазеде просториите на дневниот весник „Заман“, кој го критикува претседателот Реџеп Таип Ердоган, а зад кој стои неговиот противник, Фетулах Гулен, кој живее во САД. Упадот доаѓа по судската одлука весникот да се стави под надзор, што дополнително ја зголемува загриженоста за слободата на говорот во Турција.

Пред да влезе во зградата, полицијата со солзавец и со водени топови ја растури толпата од стотина лица кои во знак на протест се собраа пред седиштето на медиумот во Истанбул.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...