fbpx

Во Тетово наврнаа 21 литар, во Скопје 16 литри на квадратен метар

-

Во попладневните часови наврнаа 21 литар на еден квадратен метар во Тетово, 20 литри во Маврово и во Пожаране, 16 литри во Скопје, 13 литри во Охрид, 12 во Лазарополе, 9 во Преспа и 4 литри на квадратен метар во Битола и во Тополчани, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи до 15 часот.

Во Маврово и во Лазарополе формирана е и снежна покривка од три сантиметри.

– Врнежите од дожд почнаа од запад во попладневните часови. Во Скопскиот Регион има појава и од грмежи проследени со засилен ветер, најмногу во Штипскиот Регион, каде достигнува и до 80 километри на час. Силен ветер има и во Пелагониската и во Скопската Котлина. Врнежите во вечерните часови ќе се пренесуваат од централниот дел кон истокот, а во првиот дел од ноќта ќе се повлечат и ветерот ќе стивнуваа. Во Лазарополе забележавме и врнежи од снег – вели Борис Секирарски, дежурен синоптичар при УХМР.

Од УХМР велат дека утре ќе има преодно стабилизирање. Ќе преовладува облачно време со сончеви периоди и намалување на ветерот. Нови врнежи се очекуваат од среда, а пообилни в четврток и в петок. Овој влажен бран ќе донесе и намалување на температурата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.