fbpx

Времено прекинат протестот на таксистите во Гевгелија

-

Таксистите и приватните автобуски превозници од општина Гевгелија, го ставија во мирување протестот со кој бараа да бидат вклучени во превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце и од денеска нема да го блокираат граничниот премин „Богородица“, соопштија утрово од здружението на таксистите.

– Сакаме да дадеме свој придонес во справувањето на безбедносните сили со бегалската криза и затоа одлучивме времено да прекинеме со протестот и да овозможиме службените лица што не обезбедуваа и го регулираа сообраќајот, да бидат ангажирани во обезбедување на границата доколку е потребно – рече претседателот на гевгелиските таксисти, Миле Ангелов.

Тој посочи дека таксистите и приватните автобуски превозници нема да се откажат од барањето да превезуваат мигранти рамномерно со Македонската железница и дека неговото остварување ќе го бараат институционално.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...